ОТКАКО ЕУ НИ ГИ ЗАТВОРИ ГРАНИЦИТЕ, ДУБАИ, ЗАНЗИБАР И МЕКСИКО СТАНАА ГЛАВНИ ТУРИСТИЧКИ ДЕСТИНАЦИИ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ТУРИСТИ

    ОТКАКО ЕУ НИ ГИ ЗАТВОРИ ГРАНИЦИТЕ, ДУБАИ, ЗАНЗИБАР И МЕКСИКО СТАНАА ГЛАВНИ ТУРИСТИЧКИ ДЕСТИНАЦИИ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ТУРИСТИТуристичките агенции кои ги контактираше САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека и покрај пандемијата граѓаните се решаваат за патувања во арапските земји и на егзотични дестинации. (Фото: Си-Ен-Ен)

    Откако по појавата на коронавирусот Европа ги затвори границите за македонските државјани, главни туристички дестинации станаа Дубаи и Занзибар. Но, по појавата на јужноафриканскиот сој, барањата за Занзибар како егзотична дестинација се заменети со Мексико.

    Од туристичките агенции кои ги контактираше САКАМДАКАЖАМ.МК ни рекоа дека и покрај пандемијата граѓаните се решаваат за патувања во арапските земји и на егзотични дестинации.

    „Дубаи е секогаш атрактивен за патниците, освен во летниот период кога температурите се високи и клиентите се ориентирани кон други места за патување. Од почетокот на пандемијата имавме барања и реализирани патувања за Дубаи. На клиентите кои се решени да патуваат не им претставуваше проблем што летот не е директен и што се бараше негативен ПЦР тест, така што се одлучуваа за лет од Белград или Софија. Во изминатиот период, летовите се организираат од Скопје преку Истанбул“, велат од скопска туристичка агенција.

    Цените зависат од авиобилетот и хотелот кој патниците ќе го одберат да престојуваат и се движат од 700 евра за пакет од 4 ноќевања по лице, па нагоре.

    Турите за Мексико кои ги нудат наши туристички агенции чинат од 1.150 до 1.500 евра за десет дена со лет од Скопје преку Истанбул.  Сите места за турите организирани изминатиов месец и половина биле пополнети и се барало место повеќе.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира