ОТКАЖАНИ И ЛЕТОВИТЕ ОД СКОПЈЕ ДО РИМ, ВИЗЕР ГИ СУСПЕНДИРАШЕ СИТЕ ЛИНИИ ЗА ИТАЛИЈА

    ОТКАЖАНИ И ЛЕТОВИТЕ ОД СКОПЈЕ ДО РИМ, ВИЗЕР ГИ СУСПЕНДИРАШЕ СИТЕ ЛИНИИ ЗА ИТАЛИЈАВо најновото соопштение нема датум до кога ќе бидат суспендирани летовите за Италија. Авиони на Визер на Скопскиот аеродром (Фото: СДК.МК)

    Визер ги откажа и летовите од Скопје за Рим, Чампино, откако со одлука на италијанската влада цела земја е ставена во изолација за да се спречи ширењето на коронавирусот. Минатата недела, поради слаба заинтересираност за патување кон северна Италија, Визер ги укина и летовите од Скопје и Охрид за Милано Малпенса и од Скопје за Тревизо (Венеција).

    Компанијата соопшти дека од денеска се откажуваат сите летови на унгарскиот нискобуџетен превозник до градовите Алгеро, Бари, Болоња, Катанија, Милано Бергамо, Милано Малпенса, Неапол, Пиза, Рим Чампино и Рим Фјумичино и Тревизо. Во најновото соопштение нема датум до кога ќе бидат суспендирани летовите за Италија.

    Од Визер известуваат дека оние кои имаат купено карта преку интернет или на  мобилната апликација на авиокомпанијата ќе добијат известување на нивната електорнска пошта и ќе им биде понудена бесплатна повторна резервација, целосно враќање на парите и 120% враќање на парите во кредити.

    Патниците кои имаат резервации преку туристички агенции треба да стапат во контакт со агенциите за да си ги вратат парите.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира