ОТПУШТАЊАТА ВО МПМ СЕ СМИСЛЕН УДАР ВРЗ СЛОБОДАТА НА МЕДИУМИТЕ, ВЕЛИ ЗНМ

a:1:{s:9:"td_source";s:44:"Скопје(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ОТПУШТАЊАТА ВО МПМ СЕ СМИСЛЕН УДАР ВРЗ СЛОБОДАТА НА МЕДИУМИТЕ, ВЕЛИ ЗНМ

    Здружението на новинари на Македонија денеска го оцени отпуштањето на новинарите во весниците во сопственост на „Медиа принт Македонија“ како удар врз слободата на професионалното новинарство.

    „Отпуштањето на 20 вработени од ’Медиа принт Македонија’, од кои мнозинство новинари од дневниот весник ’Вест’, претставува смислен удар врз професионалното новинарство и врз слободата на медиумите. По смената на главниот уредник Горан Михајловски, со новите откази, менаџментот се пресметува со новинарите основачи на весникот кои не дозволуваат да се злоупотреби новинарството заради интересите на власта. Откако новиот уреднички тим не успеа да го искористи старото руво на ’Вест’ за да се протурат ставови на власта, менаџментот реши да го умртви весникот“, соопшти ЗНМ.

    ЗНМ потенцира дека МПМ може да се справи со кризата само ако не врши партизација на уредувачката политика.

    „Со откази менаџментот на компанијата не ги решава причините за кризата. Тие не треба да ги бараат кај основачите на весникот, кои од ’Вест’ направија најчитан весник во Македонија, туку во новата уредувачка политика, која весникот го претвори во навивач на власта. Во светот сè уште не е смислен успешен медиумски бизнис-модел кој е заснован на партизирано новинарство. МПМ е типичен пример како медиумите се користат како монета за поткусурување за задоволување на интересите на нивните сопственици и на власта. Само во недемократски земји, медиумите се жртвуваат заради клиентелистичките односи на политиката и на бизнисот“, вели ЗНМ.

    Најголем дел од листата за отпуштање се новинари од основачкиот состав на „Вест“, а меѓу нив се поранешните помошници на главниот уредник Михајловски од основачкиот состав  Марина Костова и Снежана Ванкова, кои беа сменети во март, како и новинарите Орданче Костов, Елица Бочваровска, Бети Тимиовска и Мирослав Илиоски,  и возачот Томислав Димишковски и дактилографката Даниела Стојановска. На листата за отпуштање е и новинарката Ивана Трајковска која во „Вест“ е донесена по промената на уредничкиот тим со доаѓањето на Горан Петрески за главен уредник, кој стапи на должност во јануари. МПМ со одлука им соопштила на дека бројот на вработени се намалува од деловни причини, бидејќи компанијата е во криза.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари