Сезонската директна авиолинија од Виена до Охрид на „Аустријан ерлајнс“ почна денеска, со слетување на првиот авион на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“. Новата директна линија ќе сообраќа двапати неделно, секој четврток и недела, до 18 октомври.
На 16 јуни во Охрид слета и првиот сезонски лет од Истанбул на „Туркиш ерлајнс“ со што продолжи директното поврзување на двата града во летната сезона.
Со овие две нови редовни линии, од Охридскиот аеродром се реализираат вкупно 16 авиолинии, од кои 13 се редовни и 3 чартери.



