ОВАА Е НЕНОРМАЛНА, ПОВАЖЕН Ѝ Е ГОСПОД ОД ПАРТИЈАТА, СЕ ЖАЛИ ЈАНАКИЕСКИ ОД ДИРЕКТОРКА ВО БОМБИТЕ НА „ТИТАНИК“

    ОВАА Е НЕНОРМАЛНА, ПОВАЖЕН Ѝ Е ГОСПОД ОД ПАРТИЈАТА, СЕ ЖАЛИ ЈАНАКИЕСКИ ОД ДИРЕКТОРКА ВО БОМБИТЕ НА „ТИТАНИК“Обвинетите во „Титаник“ Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска пред Основниот суд Скопје 1. (Фото: СДК.МК)

    Обвинетиот Миле Јанакиески му се жали на соговорник дека некоја директорка била ненормална оти не можела да дојде да координира деца без родители да гласаат со образложение дека постела. Во прислушуван разговор, пуштен на денешното судење за обемниот предмет на СЈО „Титаник“, Јанакиески вели дека на директорката ѝ бил поважен Господ од партијата.

    „Миле оваа директоркава ич не соработува. Не доаѓа, постела. Морала на литургија да оди. Па и јас постам, па не одам на литургија“, му се жали Даниела Рангелова на обвинетиот Миле Јанакиески во продолжение на бомбите за „Титаник“ за изборни нерегуларности во три изборни циклуси.

    „Избркај ја! Црквата ѝ е поважна од партијата“, коментира Миле.

    „Ја избркав“, ја решила Рангелова религиозната директорка.

    Во следен разговор на обвинетата Гордана Јанкулоска со соговорник Владо разговараат дали тие што ќе дојдат групно со коли да гласаат за кандидатот за градоначалник на Куманово Зоран Дамјановски – Циц, да ги пратат на вонреден технички преглед за да ги спречат да гласаат.

    Јанкулоска додава: „Ќе видам кај се утре полицајциве, па ако треба ќе отерам некои да не гласаат“.

    Во следен разговор, Миле му вели на соговорник: „Куме, оваа е ненормална. На Влатко пред сите му рекла постела не можела да дојде“.

    „А што е она толку важна“, го прашува соговорникот.

    „Има деца без родители, вработени, што треба да ги координира за гласање. Мисли дека ако е комшика на Сашо ја штити, а Сашо вика од што е досадна, не можам врата да отворам од неа“, му вели соговорникот на Миле.

    „Ма остај ја, поважен ѝ е господ од партијата“, завршува Миле.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира