„ОВИЕ МНОГУ МОЌНИ ЛУЃЕ ОД ДУИ, НЕ БИРААТ СРЕДСТВА ЗА ОДМАЗДА“, ЦИТИРАШЕ ФЕТАИ СВЕДОК НА СЈО ЗА ОБВИНЕТИОТ ПАРТИСКИ КООРДИНАТОР ЕЈУП АЉИМИ ПРЕД АПЕЛАЦИЈА

    „ОВИЕ МНОГУ МОЌНИ ЛУЃЕ ОД ДУИ, НЕ БИРААТ СРЕДСТВА ЗА ОДМАЗДА“, ЦИТИРАШЕ ФЕТАИ СВЕДОК НА СЈО ЗА ОБВИНЕТИОТ ПАРТИСКИ КООРДИНАТОР ЕЈУП АЉИМИ ПРЕД АПЕЛАЦИЈА„Нема основа за мерка притвор, а ни за друга мерка на претпазливост, зашто јас сум тука за целата постапка. Како правник, должност ми е тоа, како што ни е должност и да му служам на ова општество", рече Ејуп Аљими (десно), обвинет за кривичното дело „уништување на изборен материјал“ во случајот „Титаник 3“ на СЈО (Фото: СДК.МК)

    По жалба на Специјалното јавно обвинителство дека на координаторот на пратеничката група на ДУИ Ејуп Аљими не му беше одредена мерка притвор, почна јавната расправа во Апелациониот суд Скопје. СЈО изнесе факти во жалбата дека обвинетиот, користејќи ја политичката моќ што ја има, може да влијае врз тројцата сведоци во случајот “Титаник 3”, каде обвинет за уништување изборен материјал, покрај Аљими е и Исмет Гури, член на Општинската изборна комисија Чаир.

    Обвинителката Фатиме Фетаи го корегираше тричлениот кривичен совет на Апелациониот суд Скопје дека го чита решението на Основниот суд Скопје 1, каде е направена грешка. Таму е наведено дека од Ејуп Аљими има опасност дека ќе влијае врз сведоците, а судот извртел дека СЈО за второобвинетиот Исмет Гури го тврдело тоа.

    Обвинителката Фетаи прочита изјава од истрагата од сведок: „Мене ми беше и уште ми е страв за мојата и безбедноста на моето семејство. Се работи за луѓе кои имаат многу моќ и се влијателни секаде”. Другиот сведок, според Фетаи, навел дополнително и оти овие многу моќни луѓе од ДУИ, не бираат средства за одмазда (Фото: СДК.МК)

    Па Фетаи прочита изјава од истрагата од сведок: „Мене ми беше и уште ми е страв за мојата и безбедноста на моето семејство. Се работи за луѓе кои имаат многу моќ и се влијателни секаде”.

    Другиот сведок, според Фетаи, навел дополнително и оти овие многу моќни луѓе од ДУИ, не бираат средства за одмазда.

    „Нема основа за мерка притвор, а ни за друга мерка на претпазливост, зашто јас сум тука за целата постапка. Како правник, должност ми е тоа, како што ни е должност и да му служам на ова општество”, рече Аљими.

    Специјалното јавно обвинителство бараше притвор за координаторот на пратеничката група на ДУИ Ејуп Аљими и за Исмет Гури, член на општинската изборна комисија за општина Чаир. Ејуп Аљими и Исмет Гури се обвинети за кривичното дело „уништување на изборен материјал“ во случајот „Титаник 3“ на СЈО.
    Освен членови на ДУИ, СЈО побара мерки претпазливост и за лидерот на ДПА Мендух Тачи и за членот на Државната изборна комисија кој доаѓа на предлог на оваа партија, Бедредин Ибраими во случајот „Титаник 2“.
    СЈО за Гури побара одредување мерка притвор и во февруари минатата година. Тогаш, судија на претходна постапка го одби барањето на СЈО и му одреди мерка на претпазливост „Забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со определени лица“.
    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира