ОВОЈ ДЕЛ ОД СВЕТОТ Е МНОГУ ВАЖЕН ЗА МЕНЕ, ТУКА ПРВПАТ ЈАДЕВ СЛАДОЛЕД И ПОЛНЕТИ ПИПЕРКИ, КАЖА СТОЛТЕНБЕРГ ПРЕД МАКЕДОНСКИТЕ ПРАТЕНИЦИ

    ОВОЈ ДЕЛ ОД СВЕТОТ Е МНОГУ ВАЖЕН ЗА МЕНЕ, ТУКА ПРВПАТ ЈАДЕВ СЛАДОЛЕД И ПОЛНЕТИ ПИПЕРКИ, КАЖА СТОЛТЕНБЕРГ ПРЕД МАКЕДОНСКИТЕ ПРАТЕНИЦИГенералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг е во дводневна посета на Скопје. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска се обрати пред македонските пратеници во Собранието, првпат откако Македонија е членка на НАТО.

    Во говорот, Столтенберг кажа дека Македонија е посебно важна за него, затоа што дел од детството го поминал во поранешна Југославија, бидејќи татко му бил норвешки амбасадор тука. Тој потсети дека татко му е почесен граѓанин на Скопје поради неговиот ангажман за помош на настраданите во скопскиот земјотрес во 1963 година.

    „Кога бев дете татко ми работеше во норвешката амбасада во поранешна Југославија. Тука живеевме три години и тука првпат го вкусив мојот прв сладолед, ги јадев моите први полнети пиперки и слушав ‘Ринге ринге јаја…’. Навистина имам пријатни спомени од моето детство во поранешна Југославија. И оттогаш многупати сум се враќал во овој регион и во Северна Македонија за да посетам пријатели како норвешки политичар, но и како генерален секретар на НАТО. Оттука, во 2018 година бев тука за отворањето на Столтенбергова улица која што го носи името на мојот татко, кој е почесен граѓанин на Скопје. Тоа беше признание за неговите напори, но и напорите на мојата мајка да им се помогне на оние кои настрадаа во земјотресот од 1963 година. Тие ја координираа помошта која пристигнуваше од Норвешка и им помагаа на оние кои останаа без дом. Во исто време, моите родители помогнаа во трансформација на болницата за туберкулоза во Козле во Институт за респираторни болести на деца. Оваа болница и денеска се грижи за децата и затоа овој дел од светот е важен за мене“, кажа Столтенберг.

    Генералниот секретар на НАТО е во дводневна посета на Скопје. Освен обраќањето во парламентот, тој денеска се сретна со премиерот Димитар Ковачевски, а утре ќе учествува на заедничка средба со лидерите на членките на НАТО од регионот – Албанија, Хрватска, Црна Гора и Словенија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира