Апелациониот суд Скопје им одреди притвор на обвинетите Горан Грујовски, Тони Јакимовски и Никола Бошковски откако ги прифати жалбите на Специјалното обвинителство против претходната одлука на Основниот суд да им бидат одземени само пасошите.
Грујовски е поранешен началник на Петтата управа на МВР каде биле прислушувани илјадници граѓани без судска наредба.
Никола Бошковски е вработен во Петтатат управа и според обвинението на СЈО тој е извршител на наредбите од неговиот шеф Грујовски за прислушувањето и за уништувањето на опремата.
Тони Јакимовски беше шеф на Кабинетот на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков. Тој е обвинет во „Тврдина“ и „Таргет“ за истите дела поврзани со нелегалното прислушување и уништувањето на опрема.
За Сашо Мијалков останува мерката одземање на патна исправа и јавување во судот секој четврток. За него нема притвор.