Лекари, медицински сестри и болничари биле нападнати во раните утрински часови во болницата „Св. Наум Охридски“ од придружба на пациент, кој бил примен со повреда на раката. Вработените не се потешко повредени, а случајот е пријавен во полиција, вели директорот на болницата Иван Спировски, кој додава дека постојано имаат слични напади.
„Во раните утрински часови бил нападнат персонал и полицијата од придружба на пациент, кој дошол со повреда на раката. Случајот е пријавен во полиција, иако вработените не се тешко повредени. Постојано имаме напади од придружба на пациенти, сѐ понервозни се луѓето“, ни изјави директорот Спировски.
Ова е четврти напад на медицински персонал изминатава недела, откако претходно во Тетово беше претепан лекар до бессознание, а во Кавадарци и Драчево беа нападнати медицински сестри.
Е. БОЧВАРОСКА