ПАРИЧНА КАЗНА ЗА ЛИЦЕ ОД ДЕБРИШТЕ КОЕ ОДБИЛО ДА СЕДИ ВО ИЗОЛАЦИЈА И ОТИШЛО ДА ИСТОВАРА СТОКА ВО СТРУМИЦА

    ПАРИЧНА КАЗНА ЗА ЛИЦЕ ОД ДЕБРИШТЕ КОЕ ОДБИЛО ДА СЕДИ ВО ИЗОЛАЦИЈА И ОТИШЛО ДА ИСТОВАРА СТОКА ВО СТРУМИЦАОбвинетиот е фатен дека ја крши строгата наредба од Министерството за здравство за седење во изолација, кога полицијата проверила и не го нашла дома. - Струмица (архивска фотографија)

    Јавното обвинителство на Кавадарци на кавадаречкиот Основен суд му предложи парична казна во висина од 50 дневни глоби за обвинето лице кое место да седи во изолација од коронавирусот,  одело на работа, прекршувајќи ја наредбата на Министерството за здравство.

    Обвинетиот со умисла не постапил по писмената наредба на Министерството, со која се определуваат мерки за спречување или сузбивање на пандемијата на опасна заразна болест КОВИД-19.

    „Обвинетиот влегол во државата на 16 март во 23:15 часот, враќајќи се од Германија како средноризична земја утврдена на листата на Светската здравствена организација. Притоа одбил да потпише изјава за задолжителна самоизолација и да ја прими писмената наредба на Министерството за здравство. На 17 март во 13:00 часот, кога од страна на униформирани полициски службеници од ОВР Кавадарци е направена контрола во неговиот дом во с. Дебриште, Росоман, обвинетиот не бил затекнат во домот и телефонски изјавил дека е на истовар на роба во Струмица“, стои во предлогот за парична казна против ова несовесно лице.

    Кривичното дело за кое е обвинето лицето, е Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари