Советот на Град Скопје на вонредна седница донесе одлука да им исплати по 180.000 денари еднократна парична помош на семејствата со загинати во вчерашното невреме.
Советот, како и Управувачкиот центар за кризи претходно, и предложи на Владата на вонредната седница, закажана за 16.30 часот, да прогласи кризна состојба во скопскиот и тетовскиот регион, кои беа најтешко погодени од синоќешното невремено. Вонредна седница имаше и Советот на општина Гази Баба, на чија територија имаше најмногу жртви и материјална штета, и беше решено семејствата со загинати да добијат по 100.000 денари еднократна парична помош.
Засега се пријавени 20 загинати во силното невреме што го зафати скопскиот регион.
ПАРИЧНА ПОМОШ ЗА СЕМЕЈСТВАТА НА ЗАГИНАТИТЕ ОД ГРАД СКОПЈЕ И ОПШТИНА ГАЗИ БАБА
a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)