ПАРТИИТЕ ГО УСОГЛАСИЈА ЕТИЧКИОТ КОДЕКС ЗА ПРАТЕНИЦИТЕ, СЕ РАБОТИ НА ИЗМЕНИ НА ДЕЛОВНИКОТ, РЕЧЕ ЏАФЕРИ

    ПАРТИИТЕ ГО УСОГЛАСИЈА ЕТИЧКИОТ КОДЕКС ЗА ПРАТЕНИЦИТЕ, СЕ РАБОТИ НА ИЗМЕНИ НА ДЕЛОВНИКОТ, РЕЧЕ ЏАФЕРИСобранискиот спикер Талат Џафери на денешниот брифинг со новинарите. (Фото: СДК.МК)

    Текстот на етичкиот кодекс за пратениците е усогласен од сите парламентарни партии.

    „Текстот е усогласен. Се надевам дека на 11 јуни ќе биде на пленарна седница“, рече претседателот на Собранието Талат Џафери на денешниот брифинг со новинарите.

    Собранискиот спикер вели и дека работна група интензивно работи на измените на собранискиот Деловник, и договорено било на почетокот на јули да заврши тоа што било усогласено од партиите.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира