ПАТАРИНАТА КАЈ РОМАНОВЦЕ ЧЕКА ГРУЕВСКИ ПАК ДА БИДЕ ПРЕМИЕР

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:49:"Куманово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПАТАРИНАТА КАЈ РОМАНОВЦЕ ЧЕКА ГРУЕВСКИ ПАК ДА БИДЕ ПРЕМИЕР

    Странски и домашни туристи и ова лето чекаат на патарината Романовце на автопатот Куманово – Скопје, бидејќи се уште не е изградена новата наплатна рампа која треба да овозможи поголем проток на возила во двете насоки.

    Ова беше еден од последните проекти што помпезно ги најави експремиерот Никола Груевски во последните денови на неговиот мандат.  Иако градежните работи започнаа пред шест месеци, а беше најавено дека ќе завршат до почетокот на летната сезона, тие се во почетна фаза. Од она што може да се види на терен, изѕидан е само еден објект и поставени се десетина бетонски столпчиња, а моментно се работи на рамнење на земјената подлога што треба да се асфалтира.

    patarina-romanovce-gruevski5

    Новата патарина што требаше да биде готова до јуни оваа година беше еден од последните проекти што помпезно ги најави експремиерот Никола Груевски во последните денови на неговиот мандат (Фото: СДК.МК)

    Агенцијата за државна патишта неколку дена ги игнорира нашите прашања каде заглави изградбата на новата наплатна рампа.

    Новата современа патарина се гради на стотина метри од старата кон Куманово, како дел од проектот за модернизација на патарините на Коридорот 10.  Наместо сегашните 5 ленти предвидена е изградба на 10 ленти, а наплатата ќе се врши по електронски пат. Со тоа ќе се скрати времето на задржување на возилата и ќе се забрза протокот на возила.

    Проектот во јануари годинава го промовираше лично тогашниот премиер Никола Груевски, заедно со министерот за транспорт и врски Владо Мијасаловски.

    „Започнуваме од Романовце, бидејќи оваа наплатна станица е најтесно грло на автопатот, особено во летните месеци кога имаме зголемен прилив на странски граѓани кои транзитираат низ нашата земја. Очекуваме дека патарината ќе биде завршена во месец јуни оваа година. Кон крајот на годината ќе започне и реконструкција и изградба и на останатите патарини“, рече тогаш Мисајловски.

    неизградена патарина

    Градежните работи започнаа пред шест месеци, а беше најавено дека ќе завршат до почетокот на летната сезона. Изѕидан е само еден објект и поставени се десетина бетонски столпчиња (Фото: СДК.МК)

    Бидејќи не го исполнија ветувањето, за да се ублажи состојбата со метежот, надлежните поставиле две мали монтажни куќички, на десната страна кон Скопје и на средната лента, што може да се користи од двете насоки. Тие се ставаат во функција кога ќе се создадат големи мешаници. Возачи кои секојдневно поминуваат тука велат дека куќичката од десната страна не e практична бидејќи патарината ја плаќа совозачот, а ако возачот е сам во колата мора да излезе да и да ги однесе парите до службеникот.

    Првиот метеж летово се создаде минатиот викенд, од возила на српски и странски туристи кои заминуваат на одмор во Грција. И денеска за поминување на патарината се чекаше околу 15 минути. Движењето на возилата дополнително го отежнува и рекунструкцијата на автопатот Куманово-Скопје, каде сообраќајот се одвива само по една лента.

    Најголемиот метеж, сепак, се очекува кон крајот на јули и почетокот на август, кога дома се враќаат гастарбајтерите и турски државјани кои транзитираат низ државата. Искуствата од минатите години покажаа дека тогаш се чека и по 4- 5 часа за да се мине патарината.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира