ПАТАРИНАТА РОМАНОВЦЕ ЌЕ ПРОРАБОТИ ВО АПРИЛ 2017

a:1:{s:9:"td_source";s:48:"Куманово(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПАТАРИНАТА РОМАНОВЦЕ ЌЕ ПРОРАБОТИ ВО АПРИЛ 2017

    И оваа сезона нема да се користи новата наплатна станица Романовце на автопатот Куманово-Скопје, бидејќи ќе биде готова дури во април, 2017. Како што соопшти Агенцијата за државни патишта, од јануари досега завршени се само 23 отсто од градежните работи, а се доцни со изградбата поради добивањето на дозволите за градба.
    „Бидејќи договорот опфаќа проектирање и изградба на повеќе наплатни станици долж Коридорот 10, процесот на изработка на техничка документација, нејзина ревизија и потоа вадење на сите потребни согласности од релевантни институции, вклучувајќи и Одобрение за градење, одзема подолго време од планираното и соодветно на тоа рокот на завршување на работите е пролонгиран“, одговорија на прашањата на САКАМДАКАЖАМ.МК од Агенцијата за државни патишта, откако претходно ги игнорираа.
    Додека трае изградбата на новата наплатна станица Романовце, во функција е постоечката наплатна станица и наплатата на патарина се одвива непречено, тврдат од Агенцијата.
    Проектот за модернизација на наплатните рампи на Коридир 10 и отпочнувањето на градежните работи на патарината Романовце, во јануари годинава го промовираше тогашниот премиер Никола Груевски и министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски. Тие најавија дека првата наплатна рампа ќе биде готова во јуни годинава, пред почетокот на летната сезона. Ќе има 10 коловозни ленти, наместо сегашните 5, а наплатата ќе се врши по електронски пат.
    Секое лето во шпицот на сезоната, колони на домашни и странски туристи со часови се заглавени на наплатната рампа Романовце. Ова лето, изминатите два викенда за поминување се чекаше околу 15-тина минути, но метежот вообичаено е на крајот на овој и во текот на следниот месец.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира