ПАЦИЕНТ КОЈ БИЛ ШЕСТ ДЕНА ВО ДУБАИ СЕ ТЕСТИРА ЗА КОРОНАВИРУС НА СКОПСКАТА ИНФЕКТИВНА КЛИНИКА

    ПАЦИЕНТ КОЈ БИЛ ШЕСТ ДЕНА ВО ДУБАИ СЕ ТЕСТИРА ЗА КОРОНАВИРУС НА СКОПСКАТА ИНФЕКТИВНА КЛИНИКА„Апелирам до пациентите кои доаѓаат од критичните места точно да одговараат на прашањата на граничните полицајци и на вработените во царина. Да не кријат информации“, вели министерот за здравство Венко Филипче. (Фото: Министерство за здравство)

    На Инфективната клиника во Скопје во моментов се тестира за коронавирус лице кое пред неколку дена допатувало од Дубаи по шестдневен престој таму, кажа министерот за здравство Венко Филипче.

    „Пациентот има симптоми на грип и се прават тестови, а резулатите ќе бидат познати за неколку часа“, додаде Филипче.

    Синоќа на Инфективната клиника беше примен италијански државјанин кој се пожалил на стомачни проблеми, но тестовите за коронавирус беа негативни.

    „Апелирам до пациентите кои доаѓаат од критичните места точно да одговараат на прашањата на граничните полицајци и на вработените во царина. Да не кријат информации. Да се придржуваат до упатставата кои ги добиваат во информативните материјали на аеродромите и на граничните премини, и доколку се сомневаат на симптоми, да не одат по клиниките, туку да се јават на еден од десетината телефони во Центарот за јавно здравје и во Институтот за јавно здравје “, изјави Филипче.

    Министерот повторно апелираше до граѓаните да ги одложат ако не се потребни патувањата во северна Италија и да не наседнуваат на лажни вести со цел да не се дига паника. Според него, здравствените институции имаат доволно материјали, околи 10 илјади маски и мантили, како и скафандери, и доколку има потреба ќе бидат набавени дополнително.

    Владата денеска на седница ќе дискутира дали ќе се одложат сите посети во овој регион оранизирани од државни институции.

    Од вчера се скенираат сите патници на аеродромите во Охрид и Скопје, а патниците кои во државава ќе доаѓаат од критичните предели на северна Италија ќе се пропуштаат само на неколку гранични премини: Богородица, Блаце, Деве Баир, Ќафасан и Табановце со цел да биде поконцентрирана контролата и да има време да се организираат здравствените работници.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира