ПАЦИЕНТ СЕ ФРЛИ ОД КОВИД-ЦЕНТАРОТ НА „8 СЕПТЕМВРИ“ И ПОЧИНА

    ПАЦИЕНТ СЕ ФРЛИ ОД КОВИД-ЦЕНТАРОТ НА „8 СЕПТЕМВРИ“ И ПОЧИНАПациентот имал 70 години. (Фото: СДК.МК)

    Пациент утрово во 7.20 се фрлил од првиот спрат на Ковид-центарот во болницата „8 Септември“ во Скопје и почина, потврди МВР. Станува збор за лице на 70-годишна возраст.

    „Пациент хоспитализиран во интензивна нега во ГОБ ‘8 Септември’ (роден 1950), во тешка состојба и под психијатриска контрола и обсервација, и покрај сите преземени мерки во утринските часови скокнал од прозорец од прв спрат. И покрај преземените реанимациони постапки, од страна на дежурната екипа во 7,30 часот е констатирана смрт. Известени се сите надлежни институции, Министерство за здравство, МВР, Јавен обвинител и Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ). Направен е увид на лице место, телото е предадено на обдукција, а ДСЗИ врши вонреден инспекциски надзор“, соопшти болницата.

    Градската општа болница „8 Септември“ од 15 март минатата година е главен државен Ковид-центар. Во моментов таму се лекуваат 80-на пациенти со компликации од ковид-19.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира