ПАЦИЕНТИТЕ НА КЛИНИЧКИ НАЈМНОГУ БАРААТ НАСОКИ ДО ИНТЕРНИТЕ И ХИРУРШКИТЕ КЛИНИКИ

    ПАЦИЕНТИТЕ НА КЛИНИЧКИ НАЈМНОГУ БАРААТ НАСОКИ ДО ИНТЕРНИТЕ И ХИРУРШКИТЕ КЛИНИКИВолонтерите се лоцирани на седум најфреквентни локации во комплексот клиники „Мајка Тереза“, во периодот од 8:30 до 12 часот, секој работен ден. (Фото: Министерство за здравство)

    Волонтерите од Црвен крст за пет месеци им помогнале на 25.064 лица полесно да се снајдат во универзитетските клиники во Скопје, вели Министерството за здравство.

    Проектот на Министерството и Црвениот крст почна лани во октомври, а до денес, помош од волонтерите побарале 25.064 лица на седум клиники, каде се поставени пунктовите. Волонтерите се лоцирани на седум најфреквентни локации во комплексот клиники „Мајка Тереза“, во периодот од 8:30 до 12 часот, секој работен ден.

    „Волонтерите на Црвениот крст од искуствата на терен информираат дека најмногу пациенти побарале помош за упатување на интерните и на хируршките клиники“, додаваат од кабинетот на министерот Венко Филипче.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира