ПАЦИЕНТИТЕ ШТО ПРИМААТ ХЕМОТЕРАПИЈА ДА ПРОДОЛЖАТ ДА ДОАЃААТ ВО ЗАКАЖАНИТЕ ТЕРМИНИ, СЕ ОДЛОЖУВААТ РЕДОВНИТЕ ПРЕГЛЕДИ

    ПАЦИЕНТИТЕ ШТО ПРИМААТ ХЕМОТЕРАПИЈА ДА ПРОДОЛЖАТ ДА ДОАЃААТ ВО ЗАКАЖАНИТЕ ТЕРМИНИ, СЕ ОДЛОЖУВААТ РЕДОВНИТЕ ПРЕГЛЕДИ„Дежурните служби на онкологија продолжуваат да функционираат како и до сега“, велат од Клиниката за радиотерапија и онкологија. (Фото: СДК.МК)

    Клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје соопшти дека пациентите што примаат хемотерапија и имунотерапија во овој период со ширење на коронавирус да продолжат да се јавуваат на редовниот закажан термин, за да ја примат на време соодветната пропишана терапија.

    Од Клиниката велат дека е препорачливо таблетарната терапија да ја подигне еден од членовите на семејството на пациентот. Сите термини на пациентите за редовен контролен преглед се одложуваат.

    „Доколку пациентите имаат дополнителни прашања може да се јават на бројот на клиниката: 02-314-7900. Дежурните служби на онкологија продолжуваат да функционираат како и до сега“, велиат од Клиниката за радиотерапија и онкологија .

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира