Собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања на која што треба да се расправа за барањата за притвор за пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Јохан Тарчуловски, Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Жаклина Пешевска и на пратеникот од Социјалистичката партија Љупчо Димовски е закажана за 12 часот.
Барањата за притвор од надлежен орган претседателот Талат Џафери синоќа ги доставил до претседателот на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, Павле Богоевски.
Богоевски ни потврди дека ги примил барањата од претседателот на Собранието и ги известил членовите на Комисијата дека закажал Комисија.
Според собранискиот Деловник, Комисијата е должна да го разгледа барањето, односно известувањето и во рок од два дена да достави извештај до претседателот на Собранието.
За седницата на Комисијата се известува и пратеникот на кого се однесува барањето.
Врз основа на извештајот на Комисијата за деловнички и мандатно- имунитетни прашања, Собранието најдоца во рок од три дена од добивањето на барањето за притвор на пратеникот, одлучува по барањето
За одземање на имунитетот на пратеникот потребно е просто мнозинство.
Г. ТРПЕНОСКИ