ПЕЛЕТИ И ДРВА ЗА ОГРЕВ ЕМ ДУПЛО ПОСКАПИ, ЕМ ГИ НЕМА, ВЛАДАТА НАЈАВИ ИНСПЕКЦИИ ПРОТИВ ВОЕНИТЕ ПРОФИТЕРИ

    ПЕЛЕТИ И ДРВА ЗА ОГРЕВ ЕМ ДУПЛО ПОСКАПИ, ЕМ ГИ НЕМА, ВЛАДАТА НАЈАВИ ИНСПЕКЦИИ ПРОТИВ ВОЕНИТЕ ПРОФИТЕРИЦените а една вреќа пелети од 15 килограми за А класа е 350-360 денари, а лани летото цената беше 180 -190 денари.(Фото: Фејсбук)

    Цените на пелетите и дрвата за огрев дупло пораснаа за разлика од овој период лани. Освен што цените се скокнати, голем број од трговците ги кријат и прават залихи велејќи дека нема за продажба или можат да се купат само ограничени количини.

    Граѓаните кои домовите ги затоплуваат со пелети или дрва, набавките ги прават преку лето бидјеќи тогаш цените се пониски и трошоците им се помали за разлика од зима. Велат „ако сега се продаваат по овие плафон цени тогаш што ќе биде за некој месец кога ќе почне грејната сезона“.

    Редакцијата на САКАМДАКАЖАМ.МК се јави кај неколку трговци кои продваат пелети. Цените за една вреќа од 15 килограми за А класа е 350-360 денари, а лани летото цената беше 180 -190 денари. За време на грејната сезона цените растат, па така лани зимата пелети се продаваа по 250 денари за вреќа. Дел од трговците ни рекоа дека мораме да почекаме неколку дена и дека прават листи на чекање оти сега немало пелети. На нашето прашање зошто цените се дупло повисоки.  велат дека и нивните трошоци се пораснати и како што сè е поскапено и ценатата на пелетите расте.

    Речиси идентична е ситуацијата и со дрвата за огрев. И тие тешко се наоѓаат, а цената по која се продава еден кубик е 4.700-5.000 денари. Лани ова време се продаваа од 3.000-3 500 денари.

    Вицепремиерот за економски прашања Фатмор Битиќи вели дека и до Владата стигнала информација дека трговците вештачки прават зголемување на цената на дрвата и пелетите и најави дека веднаш почнуваат контроли против воените профитери.

    „Денес на седница на Влада по допрен глас ќе дадеме задолжение на Инспекторатот да излезе на терен за да потврди дека ваквите укажувања се вистинити. Укажувањето е дека трговците не дека немаат количини на пелети и дрва, но вештачки како што беше и со прехранбените продукти, прават зголемување на цените. Да имавме закон за воено профитерство денеска лесно ќе реагиравме. Во подготовка е Законот за фер односи во стопанството, каде и ова прашање ќе се регулира. Но, додека тоа се направи ќе интервенираме соодветно, како што направивме со прехранбените производи“, рече Битиќи.

    Владата на денешната седница донесе и одлука за забрана на извоз на пелети, дрва, како и пченица и брашно.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира