ПЕНДАРОВСКИ ЈА ПОСЕТИ 11-ГОДИШНАТА ЕМБЛА И ЗАЕДНО ОТИДОА НА УЧИЛИШТЕ

    ПЕНДАРОВСКИ ЈА ПОСЕТИ 11-ГОДИШНАТА ЕМБЛА И ЗАЕДНО ОТИДОА НА УЧИЛИШТЕ11-годишната Ембла која има Даунов Синдром беше изолирана да учи сама со асистентката во одвоена просторија. (Фото: Претседател на РСМ)

    Претседателот Стево Пендаровски денеска во Гостивар го посети семејството на Ембла Адеми и со неа заедно отиде во училиштето „Единство“, каде Ембла ја следи наставата.

    11-годишната Ембла која има Даунов Синдром беше изолирана да учи сама со асистентката во одвоена слабо загреана просторија, поради неприфаќањето од родители на други деца.

    Со родителите на Ембла претседателот Пендаровски разговарал за предизвиците со кои таа и нејзиното семејство се соочуваат на дневна основа, соопшти неговиот кабинет. 

    Во ова општество сите сме еднакви. Дојдов да ја дадам мојата поддршка и да ја кренеме свеста дека инклузијата е основен принцип. Неприфатливо е однесувањата на оние кои на кој било начин ги загрозуваат правата на децата, дотолку повеќе кога станува збор за деца со атипичен развој. Тие не само што треба да ги уживаат правата кои им следуваат, туку и да се чувствуваат еднакви и добредојдени во училишните клупи и училишниот двор. Тоа е наша обврска, како држава, но и како поединци, а клучниот елемент во оваа заедничка мисија е емпатијата. Таа ќе им помогне на децата како Ембла, но ќе ни помогне и нам, да научиме од нив како искрено да се радуваме, да споделуваме и да бидеме солидарни“, вели претседателот Пендаровски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира