По обработени речиси 70 отсто од гласовите, кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски има предност од 60 илјади гласови пред кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова во вториот круг на претседателските избори.
Пендаровски има 295.970 (53,68%) гласови, додека Силјановска-Давкова има 236.046 (42,81%), според првичните неофицијални резултати на Државната изборна комисија. Неважечки се 19.342 (3,51%) ливчиња.
Излезноста е над 40%, што значи вториот круг од претседателските избори е успешен.