Утрово жителити на Тафаталиџе, главно пензионери, ги избркаа багерите и камионите кои дојдоа со цел да почнат да копаат темели за изградба на петкатница во паркот на улица Букурешка. Тие се револтирани од обидот да почне да се гради за време на летни одмори, кога населбата е испразнета.
„Сакаа да не фатат на препад, но ние сме деноноќно овде. Веднаш се организиравме и на десеттината работници кои се појавија со механизаијата им рековме дека ќе легнеме пред багерите ако се обидат да копаат. За кусо време тие си заминаа, а ние им порачавме да одат онаму кај што се најпотребни багери и камиони- на поплавите“, вели жител на Букурешка.
Во паркот се уште стојат транспарентите на кои пишува „Маалски, а не паркитсики“ и „Паркот не го даваме“.
Жителите на овој дел од градот досега неколку пати на различни начни јавно покажаа дека се против градење зграда во паркот. Организираа забави и дружења, ја турнаа оградата поставена за оформување на градилиштето, а се изјаснија и против зградата во моментот кога дознаа дека ќе се предвиди во планот.
Реакциите на жителите не ја поколебаа Општина Карпош да го донесе планот и да даде одобрение за градење и покрај уверувањата од градоначалникот Стевчо Јакимовски дека не уништуваат зеленило заради изградба на згради.
ПЕНЗИОНЕРИ ГИ ИЗБРКАА БАГЕРИТЕ ДОЈДЕНИ ДА ГРАДАТ ПЕТКАТНИЦА ВО ПАРКОТ НА БУКУРЕШКА
a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)
Македонија
16966
Сакам зелено
545
багери
5
Букурешка
8
летни одмори
1
парк
89
петкатница
4
поплави
148
Oваа содржина е поддржана со грант од проектот "РеФорМедиа – Унапредување на соработката меѓу граѓанското општество, институциите и граѓаните за спроведување реформи во медиумската сфера", што го спроведуваат Македонскиот институт за медиуми и Мировниот институт од Љубљана со финансиска поддршка од Европската Унија.Содржините во оваа рубрика се одговорност единствено на Сакам да кажам, и во никој случај не може да се смета дека ги одразуваат ставовите на Европската Унија