ПЕТ ОТСТО ОД НАСЕЛЕНИЕТО ПРИМИЛО ТРЕТА ДОЗА, МОРА ДА СЕ ЗГОЛЕМИ ВАКЦИНАЦИЈАТА СО БУСТЕР ЗА ПОМАЛА СМРТНОСТ, ВЕЛИ ПЕТЛИЧКОВСКИ

    ПЕТ ОТСТО ОД НАСЕЛЕНИЕТО ПРИМИЛО ТРЕТА ДОЗА, МОРА ДА СЕ ЗГОЛЕМИ ВАКЦИНАЦИЈАТА СО БУСТЕР ЗА ПОМАЛА СМРТНОСТ, ВЕЛИ ПЕТЛИЧКОВСКИОд Комисијата размислуваат да се воведе ограничување на траењето на сертификатот за вакцинација со две дози, со цел да се стимулира вакцинација со трета доза. (Фото: СДК.МК)

    Само пет отсто од населението во земјава примило трета бустер доза од вакцина против ковид-19. Претседателот на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски вели дека мора да се зголеми вакцинацијата со бустер доза за да се намали смртноста.

    „Заштита од смртност е 97 проценти, а од хоспитализација 91 % ако граѓаните се вакцинирани во последните три месеци или ако примиле бустер. Затоа, многу е важно да се зголеми тој процент на вакцинација со трета доза“, кажа Петличковски.

    Од Комисијата размислуваат да се воведе ограничување на траењето на сертификатот за вакцинација со две дози, со цел да се стимулира вакцинација со трета доза.

    Според анализата на Институтот за јавно здравје од 1 до 31 јануари, 6 од починатите лица биле вакцинирани со трета бустер доза. Како што кажаа од Комисијата за заразни болести, сите имале коморбидитети односно карцином, дијабет, обезност и кардиоваскуларни болести.

    „За целосно вакцинирани се смета со примена трета доза. Населението треба да знае дека вакцинацијата е единствен начин да се намали смртноста. Не значи дека сме отпорни на болеста, но се намалува сериозноста на болеста. За жал имаме и смртни случаи, а најголема број од нив се над 70 години и со коморбидитети“, рече докторка Марија Динзова.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира