ПЕТ ПОЧИНАТИ, 119 НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19 ОД 2.065 ТЕСТОВИ ОД КОИ 53 СЕ ОД СКОПЈЕ

    ПЕТ ПОЧИНАТИ, 119 НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19 ОД 2.065 ТЕСТОВИ ОД КОИ 53 СЕ ОД СКОПЈЕНаправените 2.065 теста се преку: ИЈЗ-647, ЦЈЗ Скопје-16, Авицена-296, Биотек-305, МАНУ -94, Жан Митрев (Филип Втори)-246, Систина со ПЦР метода -248, лабораторија Лаор –55, Судска медицина -8, ЦЈЗ Битола-114, Инфективна клиника-12, ГАК-24.- Земање брисеви во „Жан Митрев“. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Починати се 5 лица по компликации од ковид-19 во последните 24 часа, а од 2.065 тестови регистрирани се 119 новозаболени од коронавирус, соопшти Министерството за здравство. Починатите се двајца пациенти од Скопје (49 и 50), пациентка од Тетово (46), пациент од Куманово (63) и еден пациент од Прилеп (82). Сите се починати во болнички услови.

    Новите случаи се регистрирани во: Скопје-53, Куманово-9, Штип-4, Прилеп-13, Тетово-4, Струга-2, Велес-1, Битола-1, Охрид-1, Гостивар-6, Крива Паланка-1, Радовиш-1, Кочани-3, Пехчево-2, Берово-5, Делчево-6, Свети Николе-3, Кичево-3, Неготино-1.

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 83 пациент. На кислородна поддршка се 50 пациенти, нема на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 19 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 6 позитивни деца, една мајка и едно дете суспектни на вирусот. Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ примени се 5 нови, вкупно хоспитализирани се 48 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 105, позитивни и сомнителни на ковид-19.

    Институтот за јавно здравје регистрира 297 оздравени пациенти од: Скопје-56, Куманово-9, Штип-37, Прилеп-3, Тетово-4, Струга-85, Велес-13, Битола-6, Охрид-34, Гостивар-20, Струмица-3, Крива Паланка-2, Пробиштип-3, Демир Хисар-1, Македонски Брод-4, Виница-1, Кратово-1, Кичево-15.

    Вкупно ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата има 13.914, од кои оздравеа 10.507, починаа 578, а активни случаи има 2.829.

    Денеска се евидентираат четири контролни теста од вчерашните тестирања, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

    • Скопје 5.783, активни 884
    • Куманово 1.410, активни 361
    • Дебар 242, активни 77
    • Штип 1.115, активни 228
    • Прилеп 427, активни 87
    • Тетово 1201, активни 180
    • Струга 550, активни 60
    • Велес 265, активни 26
    • Битола 198, активни 48
    • Охрид 326, активни 26
    • Кавадарци 170, активни 90
    • Гостивар 758, активни 286
    • Гевгелија 42, активни 24 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)
    • Струмица 58, активни 20
    • Крива Паланка 38, активни 10
    • Радовиш 41, активни 12
    • Крушево 16, активни 0
    • Кочани 137, активни 33
    • Пробиштип 78, активни 20
    • Демир Хисар 60, активни 25
    • Македонски Брод 69, активни 32
    • Пехчево 14, активни 8
    • Берово 47, активни 38
    • Валандово 7, активни 0
    • Виница 64, активни 41
    • Делчево 44, активни 39 (10 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
    • Кратово 16, активни 1
    • Свети Николе 281, активни 71
    • Кичево 266, активни 86
    • Ресен 146, активни 1
    • Неготино 45, активни 15 (10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 2.065 теста се преку: ИЈЗ-647, ЦЈЗ Скопје-16, Авицена-296, Биотек-305, МАНУ -94, Жан Митрев (Филип Втори)-246, Систина со ПЦР метода -248, лабораторија Лаор –55, Судска медицина -8, ЦЈЗ Битола-114, Инфективна клиника-12, ГАК-24, лаборатории од странство-0 . Досега во земјата се направени вкупно 142.158 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

    Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

    • Чаир – 117

    • Гази Баба – 112

    • Аеродром – 104

    • Карпош – 91

    • Центар – 91

    • Кисела Вода – 98

    • Ѓорче Петров – 58

    • Бутел – 68

    • Шуто Оризари – 37

    • Студеничани – 22

    • Сарај – 26

    • Арачиново – 15

    • Илинден – 12

    • Сопиште – 8

    • Чучер Сандево – 7

    • Петровец – 8

    • Зелениково – 4

    • Странец – 5

    • Нераспределен – 1

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира