ТРОЈЦА МАЖИ И ДВЕ ЖЕНИ ЗАГИНАА ВО СУДИР НА КОЛА И КАМИОН НА „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ ВО ДРАЧЕВО

    ТРОЈЦА МАЖИ И ДВЕ ЖЕНИ ЗАГИНАА ВО СУДИР НА КОЛА И КАМИОН НА „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ ВО ДРАЧЕВОСпоред првичните информации, на место починале сите патници во колата, кои се со различни иницијали и различна националност и не се во семејна врска, а МВР најави детална официјална информација за причините за судирот и за загинатите набргу во текот на претпладнево (Фото: СДК.МК)

    Петмина загинаа во судирот меѓу кола и камион на „Комунална хигиена“, што се случи доцна синоќа близу бензинската пумпа на влезот на населбата Драчево во Скопје, потврди МВР за САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Според МВР, на место починале сите патници во колата, кои се со различни иницијали и не се во семејна врска. Меѓу загинатите нема дете.

    „На 14.05.2019 година во 23.40 часот на булeвар Борис Трајковски во Скопје се случи сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило ‘мерцедес’ со скопски регистарски ознаки, управувано од  М. Ј. (44) од Скопје и патничко возило ‘рено 5’ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј. Л. (43) од Скопје. Во несреќата возачот Ј. П. и сопатниците возилото ‘рено’, С. Н., А. Т. (54) од Скопје, Е. Т. (37) од Скопје и И. А. (40) од Скопје починале на местото. Додека, возачот М.Ј. се здобил со повреди и бил пренесен во Градската општа болница ‘Св. Наум Охридски’ каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување. Увид на местото извршил Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле предадени за обдукција“, соопшти официјално МВР.

    Како што соопшти Обвинителството, според увидот, „несреќата се случила петнаесетина минути пред полноќ, кога автомобил ‘рено 5’ со скопски регистарски таблички во коj се превезувале жртвите, од непознати причини преминал на спротивната лента на коловозот и директно се судрил со камион за превоз на отпад. Од здобиените повреди починале сите патници во автомобилот, тројца мажи и две жени. Надлежниот јавен обвинител издаде Наредба за обдукција на телата на починатите, а ќе се врши и сообраќајно-техничко вештачење за да се утврдат причините за несреќата“.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира