Меѓународниот аеродром Скопје најави дека следната година ќе ја реновира пистата, што ќе доведе и до измени во авиосообраќајот.
Градежните работи ќе се извршуваат вкупно 50 дена, од 28 март до 16 мај 2022 година и во тој период, авиосообраќајот ќе се одвива од 17:30 до девет часот.
Од „ТАВ Македонија“ велат дека обновувањето на пистата е дел од инвестицискиот план за експанзија и реновирање на македонските аеродроми, при што ќе се одвива без затворање на аеродромот и со минимално влијание врз авиосообраќајот.