ПО 10 МЕСЕЦИ, ЗА ПРВПАТ ВО ЗЕМЈАВА НЕМА ПОЧИНАТ ОД КОВИД-19

    ПО 10 МЕСЕЦИ, ЗА ПРВПАТ ВО ЗЕМЈАВА НЕМА ПОЧИНАТ ОД КОВИД-19Во изминатите 24 часа во Ковид- центрите во Скопје има хоспитализирано еден нов пациент. (Фото: К. Попов)

    За првпaт од 2 септември 2020, денеска во земјава нема починато лице од ковид-19.

    „Вирусот е далеку од победен, но оваа мала победа ни влева надеж дека сме се поблиску до ставање крај на агонијата. Сепак, мерките мора да продолжиме да ги почитуваме, а еднствен начин да го намалиме бројот на жртви е масовно да се вакцинираме“, вели Министерството за здравство.

    Во последните 24 часа се направени 3.068 тестирања, а регистрирани се 8 нови случаи на ковид-19 од : Скопје – 3, Тетово – 2, Велес, Кичево и Охрид- по 1.

    На Инфективните одделенија во Скопје  и во болниците низ земјава лежат 105 и има околу 530 празни болнички кревети во Ковид-центрите.

    Регистрирани се 9 оздравени пациенти од: Скопје – 3, Куманово, Тетово, Велес, Гостивар, Свети Николе и Ресен – по 1.

    Направени се 3.068 тестови преку: ИЈЗ-120, ЦЈЗ Скопје-33, ЦЈЗ Битола-71, ЦЈЗ Прилеп-50, ЦЈЗ Тетово–20, ЦЈЗ Куманово–35, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-4, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 5, ГОБ „8 Септември“-12, Институт за микробиологија–66, МАНУ-0, Жан Митрев (Филип Втори)-174, Авицена-275, Биотек-391, Систина-118, лабораторија Лаор-374, Синлаб-30, Ремедика-13, Плодност–107, Генеа–43, Никоб лаб-329, ВФВ Медикал-94, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 708.

    Досега во земјата се направени вкупно 834.099 тестирања на ковид-19.

    Вкупно ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата се 155.536, оздравени се 149.628, починаа 5.471, а активни случаи се 437.

    Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
    Скопје 68611, активни 189
    Куманово 8868, активни 52
    Прилеп 8318, активни 33
    Тетово 7232, активни 28
    Битола 6304, активни 18
    Велес 5471, активни 3
    Гостивар 5180, активни 14
    Кавадарци 5153, активни 0
    Охрид 5011, активни 19
    Штип 4959, активни 2
    Струмица 4113, активни 6
    Струга 2981, активни 4
    Кочани 2791, активни 4
    Кичево 2578, активни 26
    Гевгелија 2195, активни 3
    Неготино 2184, активни 4
    Свети Николе 1523, активни 1
    Ресен 1234, активни 0
    Крива Паланка 1222, активни 2
    Радовиш 1161, активни 7
    Берово 1029, активни 0
    Делчево 972, активни 4
    Дебар 941, активни 2
    Виница 886, активни 5
    Пробиштип 789, активни 0
    Валандово 666, активни 1
    Богданци 494, активни 0
    Крушево 490, активни 1
    Демир Хисар 400, активни 3
    Демир Капија 396, активни 0
    Кратово 376, активни 3
    Македонски Брод 359, активни 1
    Пехчево 268, активни 0
    Македонска Каменица 249, активни 2
    Дојран 132, активни 0

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира