ПО 16 МЕСЕЦИ, ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДОПРВА ЌЕ РАСВЕТЛУВА ЗОШТО ЧАВКОВ ГИ ИСПРАТИ СПЕЦИЈАЛЦИТЕ ДА ТЕПААТ СТУДЕНТИ

    ПО 16 МЕСЕЦИ, ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДОПРВА ЌЕ РАСВЕТЛУВА ЗОШТО ЧАВКОВ ГИ ИСПРАТИ СПЕЦИЈАЛЦИТЕ ДА ТЕПААТ СТУДЕНТИСнимка од А1он, чие видео објавено на социјалните мрежи предизвика гнев кај студентите поради прекумерната употреба на сила од страна на специјалната полиција (Фото: СДК.МК)

    Скопското основно јавно обвинителство (ОЈО) за САКАМДАКАЖАМ.МК потврди дека презема дејствија за расветлување на упадот на Единицата за брзо распоредување (ЕБР) при МВР на ланските студентски избори на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Се постапува по кривичната пријава поднесена против ексдиректорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков од Хелсиншкиот комитет за човекови права и слободи.

    „Поднесено е Барање до надлежни институции за достава на податоци, меѓу другото повикани се и седум лица за да дадат исказ пред јавен обвинител“, вели ОЈО Скопје.

    Не открива дали ова значи дека е отворена предистражна постапка или можеби истрага.

    „Бројот на лицата за кои постои сомневање дека сториле кривични дела во моментов не сме во можност да го споделиме. Дејствијата се преземаат во насока на утврдување на постоење елементи на сторени кривични дела Спречување или смеќавање јавен собир од член 155 и Малтретирање во вршење на службата од член 143 од Кривичниот законик“, вели ОЈО.

    Специјалците упаднаа вечерта на 30 јуни, 2016 по гласањето за студентски лидер, откако Студентскиот пленум алармираше дека гласањето се спроведува незаконски. Додека ЕБР насилно вадеше членови на Студентскиот пленум, пред зградата дојдоа и граѓани кои им се спротивставија на полицајците бидејќи употребија физичка сила врз студентите. Специјалците беа дојдени со оклопни возила.

    Кривичната пријава е поднесена пред повеќе од една година,  но Обвинителството не се заинтересира да го расветли и да поведе истрага.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира