ПО 8 МАЈ ПРАШАЈТЕ МЕ ДАЛИ ЌЕ ПОДНЕСАМ ОСТАВКА, НЕ СЕ ПРЕДАВАМЕ, РЕЧЕ ДИМИТАР КОВАЧЕВСКИ

    ПО 8 МАЈ ПРАШАЈТЕ МЕ ДАЛИ ЌЕ ПОДНЕСАМ ОСТАВКА, НЕ СЕ ПРЕДАВАМЕ, РЕЧЕ ДИМИТАР КОВАЧЕВСКИОва е пораз за европската перспектива, но не се предаваме, рече Ковачевски (Фото: Принтскрин од видео)

    Јасно е дека граѓаните нè кaзнија и ние тоа го прифаќаме, кажа претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски за поразот во првиот круг на претседателските избори. Тој рече дека овој пораз е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но и дека нема да се предадат и дека очекува поинакви резултати на 8 мај кога ќе се одржат и вториот круг претседателски и парламентарните избори.

    По 88 отсто од преброените гласови, кандидатот за претседател поддржан од СДСМ Стево Пендаровски има освоено 158.000, а Гордана Силјановска – Давкова 319.000 гласови.

    „Мора да се обединиме оти тука зборувамне за европската иднина на Македонија. Знам дека граѓаните се разочарани, но нема да се откажеме”, рече Ковачевски.

    „Имаме две недели да ја испратиме пораката до секој град, до секое село, до секоја куќа, до секој човек, дека единствениот начин за вистинска и суштинска промена е европската интеграција на земјата. Знаеме дека луѓето се уморни од европскиот пат. Знаеме дека многу луѓе сметаат дека ЕУ не ги одржа своите ветувања. Но, нема друга опција освен земјата да биде дел од ЕУ, и не постои друг пат освен патот на европските интеграции“, рече Ковачевски.

    Новинарите го прашаа дали ќе си поднесе оставка и дали чувствува одговорност за поразот. Тој рече дека тоа прашање треба да му се постави на 8 мај.

    „Пред нас се парламентарни избори, тогаш поставете ми го ова прашање, а може нема да има потреба да го поставите. Јас сум претседател на партијата и нормално дека чувствувам одговорност’“, кажа Ковачевски.

    А. АНТЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира