ПО ЕДЕН ДЕН ОДМОР, ПРОДОЛЖУВА СЕДНИЦАТА ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ НА ЗВРЛЕВСКИ

    ПО ЕДЕН ДЕН ОДМОР, ПРОДОЛЖУВА СЕДНИЦАТА ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ НА ЗВРЛЕВСКИДосегашната расправа во најголем дел помина во реплики и контрареплики помеѓу пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и во процедурални забелешки. - Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Илиоски и Илија Димовски (Фото: СДК.МК)

    Маратонската седница за разрешувањето на јавниот обвинител Марко Зврлевски продолжува денеска во 12 часот. Во саботата, на деветтото продолжение од расправата во најголем дел помина во реплики и контрареплики помеѓу пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и во процедурални забелешки, но и со барање за одмор од пратениците на најголемата опозициска партија.

    Претседателот на Собранието Талат Џафери првин ја закажа седницата за вчера, но потоа се премисли и расправата за разрешувањето на државниот јавен обвинител ја презакажа за денеска.

    Откако е почната седницата за разрешувањето, пред скоро месец ипол, пратеникот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски не присуствува. Тој од надвор ги следи репликите и зборењето на неговите пратеници сами со себе, како и сè почестите инциденти што ги прават во Собранието, особено откако Апелациониот суд Скопје ги прифати бомбите од прислушуваните разговори како доказ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира