ПО ОСУМ МЕСЕЦИ ОДОБРЕНО ОБВИНЕНИЕТО ПРОТИВ ТРАЈКО ВЕЉАНОСКИ, МИЛЕ ЈАНАКИЕСКИ И СПИРО РИСТОВСКИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА НА НАПАДОТ НА СОБРАНИЕТО НА 27 АПРИЛ

    ПО ОСУМ МЕСЕЦИ ОДОБРЕНО ОБВИНЕНИЕТО ПРОТИВ ТРАЈКО ВЕЉАНОСКИ, МИЛЕ ЈАНАКИЕСКИ И СПИРО РИСТОВСКИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА НА НАПАДОТ НА СОБРАНИЕТО НА 27 АПРИЛЈанакиески, Ристовски и Атанасовски беа притворени во текот на истрагата, додека за Вељаноски имаше барање за притвор, но Собранието не му го симна имунитетот. - Спиро Ристовски, Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески (Фото: СДК.МК)

    Советот за оценка на обвинителен акт во целост го одобри обвинителниот акт за организација на нападот на Собранието на 27 април 2017, осум месеци откако беше поднесен од Обвинителството за организиран криминал. Вилма Рускоска, шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, на 31 мај 2019 до Основниот кривичен суд поднесе обвинение против поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, ексминистрите Миле Јанакиески и Спире Ристовски и против поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски, за Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, околу организација на нападот на Собранието на 27 април 2017 година. За избеганите Никола Груевски во Унгарија и Никола Бошкоски – Боксер од УБК, кој е побегнат во Грција, постапката е запрена до нивно наоѓање, односно апсење.

    „Ја информираме јавноста дека советот за оценка на обвинителен акт надлежен да постапува по обвинителниот акт КО бр 21/19 поврзан со настаните од 27 април 2017 година во Собранието на РМ, по одржана јавна седница како и ценење на фактите и доказите во истиот, донесе решение со кое обвинителниот акт се одобрува во целост. По веќе оценетиот обвинителен акт, формиран е кривично – правен предмет кој согласно АКМИС – системот ќе биде распределен кај судија на понатамошно постапување за што странките и јавноста ќе бидат дополнително информирана“, соопшти Кривичниот суд.

    Јанакиески, Ристовски и Атанасовски беа притворени во текот на истрагата, додека за Вељаноски имаше барање за притвор, но Собранието не му го симна имунитетот. Всушност, не се ни гласаше за него, претседателот на Собранието Талат Џафери остави да истече рокот за гласањето на седницата за имунитетот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира