ПО ПРИЈАВА ОД СУДИЈКАТА НЕДЕЛКОВА ДЕКА НЕЗАКОНСКИ Ѝ УСКРАТИЛ ДОДАТОЦИ НА ПЛАТА, ПОДНЕСЕНО ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ ЕКПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВРХОВНИОТ СУД ВАНГЕЛОВСКИ

    ПО ПРИЈАВА ОД СУДИЈКАТА НЕДЕЛКОВА ДЕКА НЕЗАКОНСКИ Ѝ УСКРАТИЛ ДОДАТОЦИ НА ПЛАТА, ПОДНЕСЕНО ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ ЕКПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВРХОВНИОТ СУД ВАНГЕЛОВСКИСо намера потешко да ѝ ги повреди правата, обвинетиот не донел Решение за исплата на додаток на плата во износ од 31.839,00 денари за оштетената – судија во Врховниот суд, која во конкретниот период не користела отсуство од работа, стои во обвинението на Скопското јавно обвинителство. (Фото: СДК.МК)

    Скопското јавно обвинителство до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен предлог против поранешниот претседател на Врховниот суд Јово Вангеловски за Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 2, зашто неправедно, само на неговата претходничка Лидија Неделкова ѝ ускратил додаток на платата, која за тој период одела на работа, наспроти неговите тврдења.

    За ова Неделкова му поднесе кривична пријава на Вангеловски.

    „На 30.11.2018 година, во својство на претседател на Врховниот суд обвинетиот донел поединечни решенија за сите судии на Врховниот суд со кои им го утврдил додатокот на плата за месец ноември во износ од 35 % од основната плата, кој согласно законот им следува за посебни услови за работа, постоење на висок ризик и доверливост. Притоа, свесно, со намера потешко да и ги повреди правата, обвинетиот не донел Решение за исплата на додаток на плата во износ од 31.839,00 денари за оштетената – судија во Врховниот суд, која во конкретниот период не користела отсуство од работа. Обвинетиот постапил спротивно на член 7-б од Законот за платите на судиите и член 7 од Правилникот за додатоци на плата, нивната висина и начинот на утврдување за судиите во Република Македонија донесен од Судскиот совет на Република Северна Македонија, со што го сторил кривичното дело кое му се става на товар“, соопшти ОЈО Скопје.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира