ПО РЕШАВАЊЕТО НА СПОРОТ ЗА ИМЕТО, СЕГА ЕУ МОРА ДА ИСПОРАЧА, ВЕЛИ ГЕРМАНСКИОТ ДИПЛОМАТ РОТ

    ПО РЕШАВАЊЕТО НА СПОРОТ ЗА ИМЕТО, СЕГА ЕУ МОРА ДА ИСПОРАЧА, ВЕЛИ ГЕРМАНСКИОТ ДИПЛОМАТ РОТСпоред државниот министер за Европа во германското Министерство за надворешни работи, Михаел Рот, по успешни напори на земјите кои сакаат да се приклучат, мора да следи конкретен напредок во пристапниот процес и од тие причини сега ЕУ мора брзо да започне пристапни преговори со Северна Македонија. (Фото:СДК.МК)

    За Скопје и понатаму да може да чекори по започнатиот реформски пат, ЕУ-перспективата за Македонците мора да остане на дофат и конкретна. Особено голем дел од младите копнеат по Европа. За пристапниот процес да биде веродостоен, потребни се секогаш две страни. И сега ЕУ мора да испорача, вели државниот министер за Европа во германското Министерство за надворешни работи, Михаел Рот, за германскиот весник „Велт“.

    Според Рот, по успешни напори на земјите кои сакаат да се приклучат, мора да следи конкретен напредок во пристапниот процес и од тие причини сега ЕУ мора брзо да започне пристапни преговори со Северна Македонија.

    „И денес, 20 години по крајот на крвавите граѓански војни во поранешна Југославија, состојбата во Западен Балкан е сè уште кревка. Организираниот криминал и корупција остануваат да бидат проблем. Сè уште неизлечените рани на минатото болат во колективното паметење и водат до тензии меѓу државите како и меѓу етничките и религиозните групи. Многу млади луѓе заминуваат во странство во потрага по подобра иднина. Можеби и поради тоа што ние во ЕУ станавме премногу малодушни, пишува Рот во колумната „Патот на Балканот мора да води во ЕУ“.

    Рот го поздравува склучувањето на Договорот од Преспа за решението на спорот со името со Грција.

    „Тој е пример за мирно решавање на конфликти помеѓу европските партнери. Истовремено, историскиот компромис го отвора патот за евроатлантската интеграција на Северна Македонија. Во Договорот, Грција се обврзува на соседот повеќе да не му создава пречки на патот кон ЕУ и НАТО. Освен тоа, двете земји договорија конкретни чекори за помирување и потесна соработка“, пишува Рот за „Велт“.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира