ПО САМО ДВА МЕСЕЦА СЕ УКИНУВА АВИОНСКАТА ЛИНИЈА СКОПЈЕ-КИЕВ

    ПО САМО ДВА МЕСЕЦА СЕ УКИНУВА АВИОНСКАТА ЛИНИЈА СКОПЈЕ-КИЕВ„Виндроуз“ е првата компанија која директно ги поврзе Македонија и Украина

    Украинскиот авиопревозник „Виндроуз“ ќе ја укине линијата Скопје-Киев само два месеца откако беше лансирана. Последните летови ќе бидат в четврток и в недела, со уште две ротации во март, по што линијата целосно ќе биде укината.

    „Виндроуз“ е првата компанија која директно ги поврзе Македонија и Украина. Оваа авиокомпанија неодамна воведе повеќе нови линии кон земјите од поранешна Југославија, како Загреб, Подгорица и Белград, кои ќе продолжат да постојат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира