ПО СООБРАЌАЈКА НА ГРАДИЛИШТЕ НА АВТОПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД, ВО БОЛНИЦА ЗАВРШИ ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО НА ГАШИ

    ПО СООБРАЌАЈКА НА ГРАДИЛИШТЕ НА АВТОПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД, ВО БОЛНИЦА ЗАВРШИ ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО НА ГАШИБаш делот кај Ново село во моментов е градилиште на новиот автопат Кичево Охрид што се гради над 10 години и крајот не му се гледа. Се гради во два мандата на ВМРО-ДПМНЕ и во еден на СДСМ (Фото:СДК.МК)

    Тројца припадници на МВР, дел од обезбедувањето на претседателот на Собранието Африм Гаши, денеска излетале од магистралниот пат Охрид – Кичево и завршиле во болница.

    „На 06.12.2024 во 10.45 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Ново село, општина Дебрца, излетало од патот патничко моторно возило ‘сеат алтеа’, сопственост на Министерството за внатрешни работи, управувано од Ј.Л.(37). Сопатници му биле И.Б. и Б.М, исто така полициски службеници“,

    соопшти МВР.

    По укажаната помош на местото на настанот од екипа од Итната медицинска помош, тројцата се пренесени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Не се во животна опасност.

    По наредба на Јавен обвинител, увид на местото на несреќата извршија полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, кажа денеска портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

    Баш делот кај Ново село во моментов е градилиште на новиот автопат Кичево Охрид што се гради над 10 години и крајот не му се гледа. Се гради во два мандата на ВМРО-ДПМНЕ и во еден на СДСМ.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира