ПЕТ НОВИ ПОЗИТИВНИ СЛУЧАИ ОД 249 ТЕСТИРАНИ НА КОВИД-19, ПОЧИНАА ДВАЈЦА ПАЦИЕНТИ

    ПЕТ НОВИ ПОЗИТИВНИ СЛУЧАИ ОД 249 ТЕСТИРАНИ НА КОВИД-19, ПОЧИНАА ДВАЈЦА ПАЦИЕНТИВкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.511, бројката на оздравени пациенти е 945, на починати е 84, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 482. (Фото: К. Попов)

    Деведест и четиригодишен пациент од Куманово почина во Градската општа болница „8 Септември“ хоспитализиран на 28 април.  Институтот за јавно здравје регистрира и пациентка од Струга на возраст од 69, која починала на 29 април на пат кон болницата во Охрид, соопшти Министерството за здравство. Од Центарот за јавно здравје Охрид е земен постпортем брис кој покажал присуство на вирусот.

    Во изминатите 24 часа направени се 249 тестирања, а потврдени се 5 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје-2, Куманово-1, Прилеп-1 и Тетово-1.

    Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 2 нови пациенти, а хоспитализирани вкупно 39. На кислородна поддршка е 21 пациент, а на механичка вентилација 1 пациент.

    Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3 нови, а вкупно хоспитализирани 23 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти, а уште 5 се со потешка клиничка слика.

    Во болницата во Битола се лекуваат 4 пациенти, а на домашно лекување се следат 3.

    Во болницата во Штип се примени 2 нови пациенти, а хоспитализирани вкупно 4, а уште 4 се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Гостивар и Тетово се хоспитализирани 44 позитивни и суспектни на КОВИД-19.

    Институтот за јавно здравје за денес регистрира 95 оздравени пациенти во: Скопје-32, Куманово-38, Прилеп-16, Тетово-2, Велес-7.

    Од Министерството велат дека во однос на оздравените пациенти од вчера направена е исправка, 2 лица кои се испишани од Инфективната клиника во Скопје од Прилеп и Струга се сѐ уште позитивни на вирусот, но во добра општа состојба се пуштени на домашно лекување.

    Согласно ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.511, бројката на оздравени пациенти е 945, на починати е 84, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 482.

    Последната дистрибуција по градови е следна:
    Скопје – 511
    Куманово – 401
    Дебар – 51
    Штип-34
    Прилеп –158
    Тетово – 86
    Струга – 67
    Велес – 77
    Битола –19
    Охрид –15
    Кавадарци – 5
    Гостивар –17
    Гевгелија – 4
    Струмица – 2
    Крива Паланка-5
    Радовиш – 4
    Крушево – 3
    Кочани – 31
    Пробиштип – 2
    Кичево – 2
    Неготино -9 (*7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
    Демир Хисар – 1
    Македонски Брод -2
    Пехчево- 2
    Делчево-1
    Валандово -1
    Виница – 2

    Направените 249 теста се преку: ИЈЗ –224, Ветеринарен факултет -0, Авицена –0, Биотек -11, Филип Втори (Жан Митрев) –5, Систина со ПЦР метода -6 и МАНУ -3. Досега во земјата се направени вкупно 17.246 тестирања на КОВИД -19.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира