ПОЧИНА 35-ГОДИШНА РЕСЕНЧАНКА ОД КОВИД-19 И УШТЕ ДВАЈЦА ОД КОИ 41-ГОДИШНИК ОД ГОСТИВАР БЕЗ КОМОРБИДИТЕТИ

    ПОЧИНА 35-ГОДИШНА РЕСЕНЧАНКА ОД КОВИД-19 И УШТЕ ДВАЈЦА ОД КОИ 41-ГОДИШНИК ОД ГОСТИВАР БЕЗ КОМОРБИДИТЕТИРегистрирани се 92 нови случаи на КОВИД-19 од 997 тестирања - Возило на Брза помош низ Скопје. (Фото: К. Попов )

    Триесет и петгодишна жена од Ресен починала дома по компликации од ковид-19, а во болница починаа 41-годишен пациент од Гостивар и 63-годишен пациент од Дебар, соопшти Министерството за здравство.

    „Пациентот од Гостивар бил без коморбидитети, претходно два дена хоспитализиран во Општата болница во Гостивар, а починал на Инфективната клиника. Пациентката од Ресен била обезна според епидемиолошката анкета од епидемиологот во Битола. Матичниот лекар ја следел секој ден дома, имала симптоми на лесна настинка. Починала дома, а Итната медицинска помош при Здравствен дом Ресен информирала за починатата“, ни рекоа од Министерството.

    Во последните 24 часа се направени 997 тестирања, а регистрирани се 92 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-17, Куманово-6, Штип-6, Прилеп-2, Тетово-7, Струга-3, Велес-2, Битола-3, Охрид-2, Кавадарци-1, Гостивар-5, Гевгелија-3, Струмица-2, Крива Паланка-1, Кочани-3, Македонски Брод-2, Пехчево-3, Берово-1, Делчево-13, Свети Николе-4, Кичево-5, Неготино-1.

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 53, нема пациенти на механичка вентилација.

    Во болницата во Козле нема возрасни пациенти. Хоспитализирани се 2 деца и 1 мајка позитивни на ковид-19, 4 деца и 5 мајки суспектни на вирусот.

    Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ примен е 1, а вкупно хоспитализирани се 21 пациент. На респираторна машина се 2 пациенти.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 11, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 124, позитивни и сомнителни на ковид-19.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 86 оздравени пациент од: Скопје-24, Куманово-31, Штип-8, Тетово-3, Гостивар-8, Пробиштип-1, Берово-6, Виница-2, Делчево-3.

    Вкупно ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на пандемијата има 15.090, оздравеа 12.235, починаа 617, а во моментов има 2.238 активни случаи. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
    • Скопје 6114, активни 754
    • Куманово 1539, активни 262
    • Дебар 260, активни 28
    • Штип 1182, активни 106
    • Прилеп 520, активни 152
    • Тетово 1251, активни 124
    • Струга 595, активни 65
    • Велес 278, активни 26
    • Битола 225, активни 42
    • Охрид 360, активни 45
    • Кавадарци 190, активни 51
    • Гостивар 822, активни 136
    • Гевгелија 61, активни 36 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)
    • Струмица 82, активни 30
    • Крива Паланка 60, активни 20
    • Радовиш 45, активни 6
    • Крушево 17, активни 1
    • Кочани 160, активни 33
    • Пробиштип 89, активни 17
    • Демир Хисар 60, активни 2
    • Македонски Брод 77, активни 10
    • Пехчево 38, активни 31
    • Берово 68, активни 46
    • Валандово 9, активни 2
    • Виница 81, активни 28
    • Делчево 102, активни 77 (26 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
    • Кратово 22, активни 6
    • Свети Николе 302, активни 46
    • Кичево 286, активни 47
    • Ресен 147, активни 0
    • Неготино 48, активни 9 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 997 теста се преку: ИЈЗ-396, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена-236, Биотек-137, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-0, Систина со ПЦР метода -110, лабораторија Лаор –47, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-56, Инфективна клиника-6, ГАК-9, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 157.519 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

    Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
    • Чаир – 85
    • Гази Баба – 82
    • Аеродром – 112
    • Карпош – 82
    • Центар – 76
    • Кисела Вода – 80
    • Ѓорче Петров – 43
    • Бутел – 52
    • Шуто Оризари – 31
    • Студеничани – 24
    • Сарај – 20
    • Арачиново – 14
    • Илинден – 12
    • Сопиште – 7
    • Чучер Сандево – 3
    • Петровец – 7
    • Зелениково – 2
    • Странец – 8
    • Нераспределен-14

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира