ПОЧИНА 80-ГОДИШЕН СКОПЈАНЕЦ, НОВИ 26 СЛУЧАИ НА КОВИД-19 И 36 ОЗДРАВЕНИ

    ПОЧИНА 80-ГОДИШЕН СКОПЈАНЕЦ, НОВИ 26 СЛУЧАИ НА КОВИД-19 И 36 ОЗДРАВЕНИВо земјава е задолжително носење заштитна маска, шал или марама. (Фото: K. Попов )

    Триесет и шест лица се оздравени, има 26 нови потврдени случаи на КОВИД-19, а едно лице почина, соопшти Министерството за здравство. Институтот за јавно здравје регистрира 36 оздравени пациенти, од нив 2 пациенти од болничко лекување и 34 кои се лекуваа во домашни услови.

    Во изминатото деноноќие направени се 408 теста.

    Оздравени пациенти на домашно лекување се евидентирани во: Скопје- 15, Прилеп- 6, Велес- 3, Кочани -2, Пробиштип-1 и Штип -7.

    На Инфективната клиника во Скопје почина пациент на 80 години од Скопје, лекуван на клиниката од 21 април.

    Во изминатите 24 часа потврдени се 26 нови случаи на КОВИД-19. По градови: Скопје -11, Куманово -2, Тетово -3, Струга – 6, Битола -1, Гостивар -1, Виница- 1 и Неготино -1. Заболеното лице од подрачна единица Неготино е жител на Демир Капија.

    Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 1.326, од кои 337 излечени и 57 починати.

    По завршување на епидемилошките анкети, од вчерашната евиденција едно лице од Гостивар е жител на Тетово, а едно лице од Кичево е жител на Скопје.

    Согласно ова последната дистрибуција по градови е:
    Скопје – 451
    Куманово – 355
    Дебар – 51
    Штип-34
    Прилеп –131
    Тетово – 69
    Струга – 61
    Велес – 62
    Битола –18
    Охрид –15
    Кавадарци – 5
    Гостивар –14
    Гевгелија – 4
    Струмица – 2
    Крива Паланка-5
    Радовиш – 4
    Крушево – 3
    Кочани – 28
    Пробиштип – 2
    Кичево – 2
    Неготино -4
    Демир Хисар – 1
    Македонски Брод -2
    Пехчево- 1
    Валандово -1
    Виница – 1

    Преку ИЈЗ –233, преку Ветеринарен факултет -12, Авицена –15, Биотек –52, Филип Втори (Жан Митрев) –76, Систина со ПЦР метода -16 и МАНУ – 4. Досега во земјата се направени вкупно 14.057 тестирања на КОВИД-19.

    На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се примени 3 пациенти, а хоспитализирани вкупно 61. Критични пациенти на механичка вентилација се 6, а потешко болни се уште 19 пациенти кои се на кислородна поддршка.

    Во Градската општа болница „8 Септември“ примени се 11, а хоспитализирани вкупно 38 пациенти. Со потешка клиничка слика се 6 пациенти, а 7 се на респираторна машина.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 6 пациенти, а на домашно лекување се следат 11 пациенти, додека во Штип болнички се лекуваат 3, а на домашно лекување уште 15 пациенти.

    Б. НЕСТОРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира