ПОЧИНА ДОКТОРОТ НА КОЈ МУ СЕ СЛОШИ И СО АВТОМОБИЛОТ УДРИ ВО ДРВО НА РУЗВЕЛТОВА ВО СКОПЈЕ

    ПОЧИНА ДОКТОРОТ НА КОЈ МУ СЕ СЛОШИ И СО АВТОМОБИЛОТ УДРИ ВО ДРВО НА РУЗВЕЛТОВА ВО СКОПЈЕПочинатиот доктор ја водел ковид-единицата во детската болница Козле, а денеска бил на должност на Инфективната клиника. - Од сообраќајката на Рузвелтова (Фото: СДК.Мк)

    Пулмологот Трајче Нешковски (32) почина попладнево откако му се слоши и со автомобилот удри прво во друго возило во движење, а потоа и во дрво на улицата Рузвелтова во Скопје. По сообраќајната несреќа, тој со Брза помош беше пренесен на Ургентен центар, но докторите не успеале да му го спасат животот.

    „Пациентот почина по час и пол реанимација. Телото е предадено на Судска медицина за да се утврди точната причина за смртта. Станува збор за наш млад колега-специјализант на Клиниката за пулмологија, кој ја водеше ковид-единицата во детската болница Козле, а денеска беше на должност на Инфективната клиника. Нашите индиции се дека нешто му се случило“, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК д-р Маја Мојсова, раководител на Клиниката за реанимација (КАРИЛ) во Клиничкиот центар.

    Од МВР соопштија дека на 14.10.2020 во 16.35 часот добиле пријава дека на крстосницата на улиците Орце Николов и Франклин Рузвелт има сообраќајна незгода помеѓу Ситроен со гостиварски ознаки и Опел со струмички ознаки.

    М. ИЛИОСКИ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира