ПОЧИНА МАКЕДОНСКИОТ АМБАСАДОР ВО ГЕРМАНИЈА РАМАДАН НАЗИФИ

    ПОЧИНА МАКЕДОНСКИОТ АМБАСАДОР ВО ГЕРМАНИЈА РАМАДАН НАЗИФИНазифи повеќе од 25 години работел како професионален дипломат (Фото: Фејсбук)

    Амбасадорот на Македонија во Сојузна Република Германија, Рамадан Назифи, почина ненадејно на 60 години, објави министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тој беше назначен на оваа функција во 2019 година.

    Назифи е роден во скопското село Радуша во 1962, а дипломирал француски јазик на Филолошкиот факултет во Скопје.

    Кариерата на професионален дипломат ја почнал во 1995, при што работел и водел повеќе директорати на Министерството за надворешни работи.

    Првиот дипломатски ангажман во странство му бил аташе во македонската амбасада во Бон, а беше и министер-советник во амбасадата во Берлин. Од 2009 до 2013 беше амбасадор на Македонија во Швајцарија.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира