ПОЧИНА НОВИНАРКАТА ГОРДАНА СТОШИЌ

    ПОЧИНА НОВИНАРКАТА ГОРДАНА СТОШИЌСтошиќ беше главна уредничка на првата приватна телевизија А1 во средината на 1990-те и генералната директорка на јавниот сервис МРТВ од 2004 до 2006. (Фото: Приватна архива)

    Почина новинарката Гордана Стошиќ, која беше главна уредничка на првата приватна телевизија А1 во средината на 1990-те и генералната директорка на јавниот сервис МРТВ од 2004 до 2006, како и директорка и на скопската телевизија Скај нет, потврдија блиски и пријатели на социјалните мрежи. Имаше 63 години.

    Стошиќ во почетокот на 1990-те беше дел од тимот на популарната дебатна емисија на МРТВ „Без наслов но со повод“ од каде премина во А1. Во уредничката кариера остави печат со обуката на млади новинари.

    Како активистка во средината на 1990-те беше и членка на Управниот одбор на Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ), а од минатата деценија активно соработуваше и како преведувачка на изданијата на ФООМ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира