Новинарот Саше Димовски почина на 47 години, по долги и тешки здравствени компликации. Во новинарската кариера Димовски известуваше за настави во правосудниот систем, беше претседател на Советот на честа на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), а неодамна беше именуван во Комисијата за помилување на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.
Работел во повеќе медиуми, меѓу кои и „Канал 5“, „Сител“, беше основач на порталот СВЕДОК.МК, како и соработник во повеќе медиуми во областа на правосудството.
Беше автор на голем број публикации од областа на правосудството и медиумите.
Погребот ќе се изврши утре на новите Градски гробишта во Велес.