ПОЧИНАА 7 БОЛНИ ЗА 24 ЧАСА, УШТЕ 165 НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19 ОД 1.454 ТЕСТИРАЊА

    ПОЧИНАА 7 БОЛНИ ЗА 24 ЧАСА, УШТЕ 165 НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19 ОД 1.454 ТЕСТИРАЊАВо болницата „8 Септември“ примени се 18 нови, вкупно хоспитализирани се 130 пациенти, на респираторна машина се 9 пациенти; - Вработен во Брза помош пред болницата. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Седум лица починаа во изминатото деноноќие по компликации од коронавирус, двајца пациенти од Скопје, двајца од Куманово, еден пациент од Струга, еден од Кочани и еден пациент од Неготино, соопшти Министерството за здравство. Во последните 24 часа се направени 1.454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-71, Куманово-15, Дебар-1, Штип-10, Прилеп-5, Тетово-20, Струга-3, Велес-1, Битола-3, Охрид-10, Гостивар-14, Пробиштип -4, Македонски Брод-1, Кичево-2, Ресен-5.

    На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починат е пациент на 55 години. Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ починати се двајца пациенти (68) и (63). Во болницата во Кавадарци почина пациент од Неготино (56), во болницата во Кочани пациент (56). Во Куманово се починати двајца пациенти на возраст 71 и 79 години.

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 89 пациенти. На кислородна поддршка се 53 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 30 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 5 деца позитивни на вирусот. Во „8 Септември“ примени се 18 нови, вкупно хоспитализирани се 130 пациенти. На респираторна машина се 9 пациенти.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 37, а во болницата во Штип се хоспитализирани 40 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 91 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

    Оздравени се 128 пациенти од: Скопје-97, Штип-11, Тетово-3, Велес-2, Битола-2, Струмица-1, Ресен-11, Неготино-1.

    Вкупно ковид дијагностицирани во нашата земја има 6.787, оздравени се 2.876, починати се 328, а во моментов има 3.583 активни случаи.

    Од вчерашните тестирања три се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
    • Скопје 3.280, активни 1.983
    • Куманово 784, активни 232
    • Дебар 103, активни 51
    • Штип 365, активни 160
    • Прилеп 274, активни 48
    • Тетово 743, активни 406
    • Струга 245, активни 147
    • Велес 189, активни 40
    • Битола 57, активни 21
    • Охрид 190, активни 161
    • Кавадарци 21, активни 15
    • Гостивар 143, активни 84
    • Гевгелија 12, активни 5 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
    • Струмица 16, активни 9
    • Крива Паланка 15, активни 9
    • Радовиш 4, активни 0
    • Крушево 7, активни 4
    • Кочани 73, активни 20
    • Пробиштип 24, активни 15
    • Демир Хисар 2, активни 1
    • Македонски Брод 6, активни 4
    • Пехчево 6, активни 3
    • Берово 3, активни 1
    • Валандово 6, активни 2
    • Виница 3, активни 0
    • Делчево 1, активни 0
    • Кратово 4, активни 1
    • Свети Николе 34, активни 30
    • Кичево 40, активни 34
    • Ресен 116, активни 91
    • Неготино 21, активни 6 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 1.454 теста се преку: ИЈЗ –768, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена –98, Биотек –90, МАНУ -180, Жан Митрев (Филип Втори) -143, Судска медицина-11, Систина со ПЦР метода -108, ЦЈЗ Битола-56, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 64.837 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

    Активни случаи по општини ВО Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
    • Чаир – 424
    • Аеродром – 154
    • Бутел – 163
    • Гази Баба – 193
    • Центар – 143
    • Карпош – 167
    • Сарај – 148
    • Кисела Вода – 121
    • Ѓорче Петров – 113
    • Студеничани – 113
    • Шуто Оризари – 90
    • Арачиново – 54
    • Илинден – 32
    • Петровец – 16
    • Чучер Сандево – 19
    • Сопиште – 14
    • Зелениково-6
    • Странец – 2
    • Нераспределен- 11

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира