ПОЧИНАТАТА МАЈКА НА СОПРУГАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕНДАРОВСКИ БИЛА НЕГАТИВНА НА КОВИД-19

    ПОЧИНАТАТА МАЈКА НА СОПРУГАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕНДАРОВСКИ БИЛА НЕГАТИВНА НА КОВИД-19Брисот беше земен посмртно, откако г-ѓа Ѓоргиевска почина вчера на Клиниката за пулмологија во Скопје, соопшти Кабинетот на Пендаровски (Фото: СДК.МК)

    Резултатите од тестот за коронавирус од мајката на сопругата на претседателот Стево Пендаровски која почина вчера се негативни, соопшти неговиот Кабинет. Мајката на Елизабета Ѓоргиевска почина на 71-годишна возраст вчера, на Клиниката за пулмологија.

    Брисот беше земен посмртно, откако г-ѓа Ѓоргиевска почина вчера на Клиниката за пулмологија во Скопје, како резултат на влошување на општата здравствена состојба предизвикана од хронична болест. Поради нејзината хронична болест, таа повеќе од една година беше со исклучително тешка клиничка слика, велат од кабинетот на шефот на државата.

    Во неделата имаше над 70 заболени од коронавирус, а денеска вкупно 15. Денеска се починати три лица. Вкупно заразени има 570 граѓани.

    СК. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира