ПОЧНА ИСПЛАТАТА НА ПАРИТЕ ОД ДДВ ЗА ПРВОТО ТРИМЕСЕЧЈЕ ОД СКЕНИРАНИТЕ ФИСКАЛНИ СМЕТКИ

    ПОЧНА ИСПЛАТАТА НА ПАРИТЕ ОД ДДВ ЗА ПРВОТО ТРИМЕСЕЧЈЕ ОД СКЕНИРАНИТЕ ФИСКАЛНИ СМЕТКИЗа првото тромесечје од повратокот на ДДВ на граѓаните ќе им бидат исплатени 3 милиони евра; - Директорката на УЈП Сања Лукаревска и министерката за финансии Нина Ангеловска. (Фото: УЈП)

    Управата за јавни приходи (УЈП) почна со исплата на повратокот од ДДВ на граѓаните. Досега 16.600 граѓани на своите сметки добиле пари, а до крајот на наредната недела повратот ќе биде извршен кај сите граѓани кои ги скенирале фискалните сметки во првото тримесечје.

    „Во првиот квартал од МојДДВ скенирани се 22.670.713 фискални сметки, остварен е вкупен промет во износ од 11.423.978.620 денари, со пресметан вкупен ДДВ во износ од 1.241.434.628 денари. Повратот од 15 отсто од платениот ДДВ кај граѓаните за првите три месеци е во висина од 186.215.194 денари односно 3 милиони евра“, велат од Управата за јавни приходи.

    Министерката за финансии Нина Ангеловска кажа дека според податоците најмногу скенирале сметки жителите на Аеродром, Кисела Вода, Центар, Карпош, Битола и Штип.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари