ПОЧНА КАМПАЊАТА ПРОТИВ ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО „СКРШИ ГО КРУГОТ НА НАСИЛСТВОТО, НЕ БИДИ ПУБЛИКА“ НА МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ

    ПОЧНА КАМПАЊАТА ПРОТИВ ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО „СКРШИ ГО КРУГОТ НА НАСИЛСТВОТО, НЕ БИДИ ПУБЛИКА“ НА МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМВо фокусот е улогата на сведоците – оние што гледаат, коментираат, снимаат или споделуваат, а со тоа, понекогаш и несвесно, му даваат дополнителна сила и публика на насилството. (Фото: Македонски Телеком)

    Македонски Телеком со почетокот на новата учебна година започнува и кампањата „Скрши го кругот на насилството. Не биди публика.“, којашто се реализира во партнерство со Министерството за образование и наука, со заедничка цел превенција на врсничкото насилство и омразата во дигиталниот простор. Во фокусот е улогата на сведоците – оние што гледаат, коментираат, снимаат или споделуваат, а со тоа, понекогаш и несвесно, му даваат дополнителна сила и публика на насилството.

    Како што велат од компанијата пораката е едноставна: не биди публика – реагирај и помогни да се прекине кругот на насилството. Порака со која младите, но и родителите, наставниците и целата заедница се поттикнуваат да ја препознаат сопствената улога во неговото спречување.

    „Веруваме дека технологијата треба да ги поврзува луѓето, а не да биде простор во кој насилството и омразата добиваат нова публика. Ова за нас не е само кампања, туку и долгорочна заложба. Преку партнерства, едукација, активно вклучување на младите и конкретни дигитални решенија сакаме да придонесеме за побезбедна средина за секое дете, онлајн и офлајн“, изјави Горан Марковиќ, главен извршен директор на Македонски Телеком.

    Министерството за образование и наука работи на создавање национални стандарди за училишта без насилство. Стандардите ќе воспостават единствена рамка и јасни критериуми за безбедна училишна средина, а ќе следува и едукација на наставниците, стручните служби и ученичките заедници за нивна примена во пракса.

    „Како министерство спроведуваме бројни системски и проектни мерки за превенција и справување со врсничкото насилство. Но, предизвикот е голем и потребна е висока  општествена одговорност, вклученост и проактивност на сите – училиштата, семејствата, институциите, бизнис заедницата и општеството во целина. Важно е заедно да испратиме јасна порака дека насилството не смее да има публика“, изјави министерката Весна Јаневска.

    Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФ, преку долгогодишното партнерство, продолжуваат да работат на создавање побезбеден дигитален простор за децата и младите. Преку националното младинско движење „Нет без хејт“, коешто го водат деца и млади од 13 градови низ Македонија, се развиваат иницијативи за врсничка поддршка, едукација на родители, детски правобранител во училиштата, младински дигитални содржини и прирачник за превенција. Активностите ќе се спроведуваат во училишта и заедници низ цела Македонија.

    Како дел од пошироката заложба за побезбеден дигитален свет, Телеком креира технологија што придонесува за поголема заштита на децата. Новата апликација Safe Family е создадена за да им помогне на родителите и децата да останат поврзани и да се чувствуваат посигурно во секојдневието. Апликацијата континуирано ќе се надградува со нови функционалности за дополнителна сигурност и поддршка на семејствата.

    *Комерцијална објава

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира