ПОД ИСТРАГА СЕ ТРИ ЛИЦА ОД ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО И ДВЕ ОД ПРИВАТНА БОЛНИЦА ПОРАДИ ДВОЈНА НАПЛАТА НА ПАЦИЕНТИТЕ ЗА УСЛУГИТЕ, РЕЧЕ КЛЕКОВСКИ

    ПОД ИСТРАГА СЕ ТРИ ЛИЦА ОД ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО И ДВЕ ОД ПРИВАТНА БОЛНИЦА ПОРАДИ ДВОЈНА НАПЛАТА НА ПАЦИЕНТИТЕ ЗА УСЛУГИТЕ, РЕЧЕ КЛЕКОВСКИКлековски рече дека во време кога бил директор на Фондот бил иницијатор на истрагата, бидејќи станува збор за здравствена установа која имаше повторувачки прекршоци со години. (Фото: Министерство за здравство)

    Три лица од Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) и две лица од приватна здравствена установа се инволвирани во случајот со злоупотреба на средства од таа институција за што МВР спроведува акција, рече денеска министерот за здравство Сашо Клековски.

    Станува збор за повеќе видови на прекршоци, една од најмасовните е двојна наплата на пациентите односно земени се пари од Фондот за одредена услуга за која има договор и таа услуга под различни превези и изговори е наплаќана од пациентите.

    Клековски кажа дека акцијата што ја спроведува МВР утринава е повеќемесечна, и е темелена на повеќе од една година истрага.

    „Во акцијата е вклучена една приватна здравствена установа која имаше договор со Фондот за здравствено осигурување и неколку лица од Фондот. Станува збор за злоупотреба на средства од Фондот за здравствено осигурување. Се надевам дека МВР наскоро ќе излезе со повеќе детали. Можам само да ја потврдам акцијата, да ја потврдам соработката и да изразам голема благодарност на истрајноста и упорноста на вработените во МВР и на Јавното обвинителство, што конечно една од ситуациите на кои работевме изминатите две години доаѓа до одредена завршница, барем во однос дека ќе има кривични пријави и судска постапка“, рече Клековски на настан посветен за активностите на Клиниката за неврологија.

    Клековски рече дека во време кога бил директор на Фондот бил иницијатор на истрагата, бидејќи станува збор за здравствена установа која имаше повторувачки прекршоци со години – значи не е една, двапати, трипати, туку постојано повторување на слични прекршоци за кои не било соодветно казнувана.

    „Јас предложив на Комисијата за прекршоци, и таа прифати да се раскине договорот со таа здравствена установа за да се прекине ланецот на неказнивост. Истовремено побарав да се покрене истрага. МВР заедно со Секторот за контрола на Фондот за здравствено осигурување напорно работеше да се завршат сите работи. Беа вклучени и Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Агенцијата за лекови и други установи, за од сите аспекти да се затвори истрагата“, додаде министерот.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира