ПОДНЕСЕНО ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ ЕМИЛ ЈАКИМОВСКИ ЗА ЗАКАНИТЕ КОН НОВИНАРКАТА ЈОРДАНОВСКА И ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО

    ПОДНЕСЕНО ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ ЕМИЛ ЈАКИМОВСКИ ЗА ЗАКАНИТЕ КОН НОВИНАРКАТА ЈОРДАНОВСКА И ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВООбвинетиот Јакимовски е притвор и надлежниот јавен обвинител предложи да му се продолжи мерката притвор, ценејќи дека постои реална опасност тој да се даде во бегство за да ја избегне кривичната одговорност. - Јавното обвинителство (Фото: СДК.МК)

    Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против Емил Јакимовски, поранешен вработен во Централен регистар, за две кривични дела Загрозување на сигурноста, соопшти Јавното обвинителство.

    Првото кривично дело за кое го товари Скопското обвинителство Јакимовски го сторил на начин што со умисла извршил повеќе временски поврзани дејствија кои претставуваат повеќекратно остварување на истото дело, притоа искористувајќи ист траен однос и исти прилики. Тој, како поранешен сопруг на една оштетена, при вршење семејно насилство и ја загрозил сигурноста со сериозна закана дека ќе нападне врз нејзиниот живот и тело и врз животот и телото на нејзино блиско лице – нејзиниот татко.

    Обвинетиот се товари дека второто дело го сторил на 10 јануари, кога по пат на информатички систем и се заканувал на новинарката на „А1он“ Мери Јордановска дека ќе изврши кривично дело – Убиство за кое е пропишана казна затвор од најмалку пет години. Заканите ги упатувал преку пораки и мобилни апликации, па оштетената се почувствувала дека и е загрозена личната сигурност.

    Од Скопското обвинителство велат дека од резултатите на вештачењето спроведено по наредба на јавниот обвинител во текот на истражната постапка произлезе дека обвинетиот ги сторил делата во состојба на битно намалена пресметливост за да го сфати значењето на делото и да управува со своите постапки.

    Обвинетиот Јакимовски е притвор и надлежниот јавен обвинител предложи да му се продолжи мерката притвор, ценејќи дека постои реална опасност тој да се даде во бегство за да ја избегне кривичната одговорност.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира