ПОДНЕСЕНО ОБВИНЕНИЕ ЗА НАПАЃАЧОТ НА ШЕЌЕРИНСКА

    ПОДНЕСЕНО ОБВИНЕНИЕ ЗА НАПАЃАЧОТ НА ШЕЌЕРИНСКАПратеничката и заменик претседателка на СДСМ Радмила Шеќеринска имаше хируршка интервенција на главата поради повредите што ги доби кога беше нападната во Собранието при упадот на толпата. (Фото: Радио Слободна Европа/принтскрин)

    Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт до Основниот суд Скопје 1 против едно лице за сторено кривично дело – Насилство во врска со нападот на Собранието на 27 април, соопшти утринава Јавното обвинителство. Лицето се товари дека за време на нападот во Собранието извршило грубо насилство, повлекувајќи за коса тогашната пратеничка Радмила Шеќеринска, сега министерка за одбрана, при што таа се здобила со тешка телесна повреда.За ова кривично дело, предвидена е казна затвор во траење од 3 до 10 години.

    „По завршената истражна постапка, до Основниот суд Скопје 1 – Скопје е поднесен и Обвинителен акт против осомничениот. Имено, лицето се товари дека за време на настаните во законодавниот дом извршило грубо насилство, повлекувајќи за коса пратеничка во македонското Собрание. Оштетената во настанот се здобила со тешка телесна повреда“, соопшти ова обвинителство.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари